Никс во транс: Десетта плејоф победа по ред, уште една и - финале (ВИДЕО)

Њујорк Никс го победи Кливленд со 121-108 и поведе со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА.

Во првиот меч како гости, Никс водеа во целиот натпревар и сега се само на една победа од нивното прво учество во финалето на НБА од 1999 година. Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис додаде 22. Покрај Брансон и Бриџис, Ануноби исто така придонесе со 21 поен.

Тимот од Њујорк го заврши натпреварот со одличен процент на шутирање, погодувајќи 43 од 77 шутеви од поле, со 11 тројки од 28.  За Никс ова беше десетти последователен триумф во плејофот со што  стана само седмиот тим во историјата на НБА што го сторил тоа.

 

 

Последниот тим со таква серија беше Бостон Селтикс за време на шампионската сезона 2024.

Брансон и компанија имаат +225 поени во последните десет натпревари, што е најдобар резултат во историјата на лигата во ваков, вклучувајќи ја регуларната сезона и плејофот. Четвртиот натпревар од серијата се игра во вторник во 2 часот по полноќ, исто така на теренот на Кливленд.