Невиден скандал: Ѕвезди на ЛА Лејкерс се степаа меѓу себе за време на тајмаут (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс, ноќеска, го претрпеа и вториот пораз во вториот меч од новата сезона во НБА, откако на домашен терен беа преслушани од Феникс санс (105-115), во меч кој ќе се памети по големиот скандал што се случи на клупата на „езерџиите“.

За време на еден од тајмаутите, Ентони Дејвис прво вербално го нападна Двајт Хауард, а потоа почна и да го турка по што центарот падна на столчето од кое претходно се обиде да стане.

Инцидентот дефинитивно ќе беше пожесток, ако не се вмешаа нивните соиграчи и тренери не ги раздвоија воинствените кошаркари.