Неверојатен нацистички кикс на Хјустон рокетс (ФОТО)

НБА-тимот Хјустон на својот „Твитер“ имаше акција во која ги повика своите навивачи да си перзонализираат дрес со име и бројка, па тимот ќе им испрати фотографија за позадина. 

Вака некако изгледаше повикот на Рокетс до своите навивачи, но очигледно некој кој работи во секторот за социјални медиуми не се разбира многу во историјата. 

Еден навивач персонализираше дрес со бројот 88 и со името Адолф (Хитлер). Рокетс тоа дури и го објавија на својата страна, но по само неколку минути веднаш го избришаа. Киксот не остана незабележан од јавноста, која остро удри по тимот, а очигледно некој треба да остане без работа во делот за социјални медиуми.