Нема надеж за Голден Стејт: Заврши сезоната за Стеф Кари

Стеф Кари нема да заигра сезонава во НБА-лигата по повредата на раката што ја заработи минатата недела. Скршеницата на раката била далеку поопасна од првичната дијагноза.

Ѕвездата на Голден Стејт минатиот петок беше опериран по скршеницата што ја заработи на левата рака на дуелот против Феникс. Иако Вориорс првично објавија дека Кари ќе се врати по три месеци рехабилитација или некаде околу Олстар викендов во февруари идната година, сепак најновите информации велат дека сезоната за Кари е завршена.

Американските медиуми се повикуваат на извори од медицинскиот тим на Голден Стејт, според кои повредата на кошаркарот била многу потешка од нивното првично мислење. 

Ова е катастрофа за Вориорс, кои и без Стеф Кари ќе имаа тешка сезона, бидејќи летово си замина Кевин Дурент, а лани во финалето Клеј Томсон ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена.

Голден стејт играше во последните пет финалиња во НБА-лигата, освојуваќи три шампионски титули, но оваа сезона не им бега дното во Западната конференција.