Неколку тимови бурно следат: Расел си заминува од Оклахома!

Еден од подобрите кошаркари во НБА лигата, Расел Вестбрук, повторно остана сам во тимот на Оклахома. Откако пред три години го напушти Кевин Дурант, кој тогаш се пресели во Голден стејт, сега истото го направи и Пол Џорџ.

Тој уште минатата година потпиша максимален договор со Оклахома на пет сезони, имаше одлична година, постигнуваше во просек по 28 поени на меч, додека во плејофот Оклахома испадна уште во првата рунда.

Џорџ имаше проблеми со рамото, но најмногу критики доби Вестбрук, кој беше надигран од страна на Дамиен Лилард.

Засега останува непознато каде ќе ја продолжи кариерата Вестбрук, кој не е задоволен во Оклахома, а како следни дестинации се споменуваат Њујорк, Мајами и Орландо.