Не се плаши од никого: Дончиќ атрактивно заби и тоа преку - ѕверот од Босна! (ВИДЕО)

Словенецот Лука Дончиќ во синоќешната победа на Далас маверикс над Портланд трејлблејзерс уште еднаш потврди дека со својот квалитет наполно заслужува место на олстар-средбата, постигнувајќи 28 поени од кои половина беа исклучително важни за пресвртот во последната четвртина.

Тинејџерот на самиот почеток на натпреварот му стави до знаење на противникот дека не се плаши од ништо и веќе во еден од првите напади храбро тргна кон неговиот кош и атрактивно заби преку робусниот Јусуф Нуркиќ, познат во НБА како ѕверот од Босна.