Не им е доста: Лејкерс тргна по трета голема ѕвезда за ептен да – доминира!

Само неколку дена по освојувањето на 17. шампионска круна во клупската историја, луѓето што го предводат ЛА Лејкерс веќе почнаа да прават планови за следната сезона, меѓу кои е и обидот за ангажирање на трета голема ѕвезда која би играла заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

На радарот на „езерџиите“ е Крис Пол, кој треба да биде опцијата што ќе го „вади“ тимот кога лидерскиот двоец нема да има свој ден. Тој покажа дека може да игра заедно со големи потрошувачи на топки, со оглед што настапуваше со Хјустон рокитс со Џејмс Харден. Неговите плејмејкерски квалитети се големи, како и способноста да асистира, што е и главната причина за заинтересираноста од таборот на НБА-првакот.

Засега најголем проблем за реализација на овој трансфер е платата од 85 милиони долари која Пол треба да ја добие во следните две сезони, поради што „езерџиите“ веќе прават планови да се ослободат од поголем дел од шампионските играчи за да направат простор во „селери капот“.