НБА призна: Судиите му ја „украле“ шампионската титула на Торонто

Голден Стејт вориорс направија брејк на гостувањето кај Торонто репторс, откако славеа со 106-105 и останаа во игра за титулата во НБА-лигата.

Многумина ги обвинија судиите за нивните грешки, а сега призна и НБА-лигата дека судијата на 49 секунди до крајот направиле грешка, која влијаела на резултатот.

Марк Гасол се обиде да постигне кош, а ДеМаркус Казинс го фаулираше, но тоа судиите не досудиле прекршок. Натпреварот продолжил, а на крајот Торонто можеби остана и затоа без победа.

Сепак, не се само судиите виновни за поразот на Торонто, чии кошаркари играа катастрофално во завршницата, а иако имаа и шут за победа, сепак Кајл Лоури го промаши.