НБА поради коронавирусот има неверојатна загуба – 700 милиони долари!

Најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) претрпела огромна финансиска штета од пендемијата со коронаврус поради која мораше да ја прекине сезоната, па од август до неодамна кога ЛА Лејкерс се круниса за првак истата да ја доигра во „меур“ во Дизниленд и таа штета изнесува безмалку – 700 милиони долари.

Поради пандемијата биле откажани 258 меча, а штетата е од огромни размери, зашто клубовите ги немаа очекуваните приходи од влезници за натпреварите, па доигрувањето беше чисто спортски, без присуство на публика во Орландо, колку да не се откаже сезоната и да има шампион во оваа корона-криза.

Точно 694 милиони евра била штетата во која најголеми загуби имаат ЛА Лејкерс, Њујорк Никс, Голден Стејт Вориорс, Хјустон Рокитс и Бостон Селтикс. Голден Стејт има загуба од шест милиони евра по меч, за Лејкерси загубата е 5,6 милиони, а за Никс – 5,2 милиони.

Поради продолженото доигрување на сезона, сега новата ќе стартува најверојатно од јануари, која сама по себе носи нова скратена сезона како во годината кога беше „локаутот“ и сето тоа повторно ќе донесе помали приходи, па веќе проценките на финансиските експерти е дека кога НБА ќе се врати во нормала и ќе се утврди комплетната штета, коронавирусот ќе ја чини најсилната лига повеќе од – една милијарда „зелени банкноти“.