НБА одлучи: Америка против светот на Ол стар натпреварот!
И не дуел во еднина, туку дуели, бидејќи повторно ќе биде организиран мини-турнир. Во него ќе учествуваат три екипи, два составени од Американци и еден од интернационалци. Ќе се играат четири натпревари, секој во траење од 12 минути. Натпреварувањето ќе се игра според системот „секој против секого“, а во четвртиот, финалeн натпревар, ќе се сретнат двете првопласирани екипи. Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Лука Дончиќ, Шеј Гилџес Александар ќе имаат можност да ги здружат силите и да покажат дека Американците навистина повеќе не се главни во лигата.
На Ол-стар натпреварот ќе учествуваат 24 играчи, по 12 од секоја конференција. Новиот формат треба да го направи настанот повозбудлив, но повторно, сè зависи од играчите и нивната желба навистина да се натпреваруваат. Лигата се обиде со бонуси за победникот во претходните години, но за суперѕвездите, парите што би ги добиле од лигата се споредливи со капка во морето
Засега нема информации за други настани за време на викендот, па се претпоставува дека сè ќе остане исто. Ол-стар викендот во 2026 година ќе се одржи во Лос Анџелес, во новата арена на Клиперс, „Интуит Доум“.