НБА објави листа со најпродавани дресови, а на неа има и кошаркар кој сè уште нема настап!

НБА објави листа на најпопуларни дресови на кошаркарите во најсилната лига во светот. Според податоците од продажбата на официјалната страна на лигата, најпопуларен и најпродаван дрес е тој на Леброн Џејмс.

Зад Џејмс се наоѓаат уште неколку ѕвезди како Јанис Антетокумпо, а потоа следат Кари, Татум, Харден, Дончиќ, Ленард, Дејвис, Ембид, Ирвинг, Симонс, Дурант, Вестбрук и Вокер.

Интересно е тоа што на топ-15 листата се наоѓа и дресот на Зајон Вилијамсом, првиот пик во НБА драфтот, кој уште нема одиграно ниту еден официјален натпревар во НБА-лигата.