НБА-лигата ќе продолжи на 31 јули, а мора да заврши најдоцна во октомври?

Сезоната во НБА-лигата би можела да биде продолжена на 31 јули во Орландо, како што беше објавено и во претходните денови.

„ЕСПН“ објави дека продолжението би бил во формат од 22 екипи, а последен ден кога мора да биде завршено натпреварувањето е 12 октомври.

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер овој предлог ќе го дискутира утре со останатите членови, по што ќе се знае конечната одлука.