НБА легенда незадоволен од Дончиќ-манија: Срамота е тој да биде пред Стеф Кари!

Откако дојде во најсилната кошаркарска лига на светот НБА, словенеката тинејџерска сензација Лука Дончиќ не престанува да ја воодушевува американската, но и светската јавност, па во моментов е втор по бројот на гласови за традиционалниот олстар собир на сите ѕвезди.

Дончиќ веќе собра повеќе од три милиони гласови, но ако во САД владее вистинска Дончиќ-манија, тоа на многумина и не им се допаѓа. Еден од нив е легендарниот Трејси Мекгрејди, кој не може да прифати дека младиот Словенец има повеќе гласови од ѕвездите како Стеф Кари, Џејмс Харден или Кевин Дурант.

„Ова е неверојатно непочитување на сите нивоа на гласање. Не е ова непочитување само кон човекот кој ја смени комплетната кошаркарска ера, како Стеф Кари, туку непочитување кон Дурант, Харден. Се шегувате? Јас не викам дека Дончиќ не треба да биде на олстарот, треба секако. Ама пред овие момци. Тоа е бесмислено. Очигледно е дека Дурент и Харден не се баш миленици на публиката“, вели Мекгрејди.

Според актуелното гласање, води Леброн Џејмс со 3,8 милиони гласови, а втор е Гркот, Јанис Антетокумпо со 3,6 милиони, а Дончиќ е трет со 3,3 милиони

Споед правилата за олстар, низ гласање се бираат пет стартери – два бека и три високи кошаркари. Остатокот од тимот го бираат капитените, а тие се играчите од Истокот и Западот, кои освоиле најмногу гласови, во случајот Леброн и Јанис.