НБА ќе го помести драфтот за август или септември

НБА-лигата беше една од првите кои решија да го прекинат натпреварувањето поради пандемијата на коронавирусот. Натпреварите и тренинзите запреа откако беше објавено дека Руди Гобер е болен од вирусот, по што уште неколку лица имаа позитивен тест.

Доколку сезоната продолжи јасно е дека ќе има и поместувања за традиционалниот НБА-драфт, кој се одржува во јуни, неколку дена по завршување на финалето.

„Во било какво сценарио, најверојатно ќе има одложување на НБА-драфтот. Би можел да биде одржан во август или септември“, вели новинарот Адријан Војнаровски