НБА има ново лого, а на него не се ниту Коби ниту Џордан (ФОТО)

Како што е познато, речиси сите спортски натпреварувања, меѓу кои и НБА-лигата се прекинати поради пандемијата на Ковид-19, а на социјалните мрежи се појави „новото“ лого на најсилната кошаркарска лига во светот.

Фановите долго време се бореа на логото на НБА-лигата да се постави Мајкл Џордан или починатиот Коби Брајант, но тоа не се случи. Поради тоа некои сеирџии решиле да се пошегуваат со актуелната ситуација во светот, па познатата силуета на логото ја „легнаа“ пред лаптоп.