НБА ѕвезда која лудо забиваше стана боксер – ќе се бори пред Мајк Тајсон идниот месец

Враќањето на легендарниот Мајк Тајсон во рингот и неговата борба во петата деценија од животот против Рој Џонс џуниор закажана на 28 ноември ќе има и предигра, на која ќе се појави поранешен ол-стар играч од најсилната кошаркарска лига, Нејт Робинсон, кој важеше за феноменален забивач иако е само 175 сантиметри висок.

Робинсон беше троен победник на олстарите во НБА во забивање, има цела една деценија од настапи во најсилната лига на светот во периодот од 2005 фо 2015 година, а беше дел од Њујорк Никс, Бостон селтикс, Оклахома Тандер, Голен стејт Вориорс, Чикаго булс, Денвер Нагетс, ЛА Клиперс, а НБА кариерата ја заврши како член на Њу Орлеанс Пеликанс, по што играше во Израел, Венецуела, Либан...

Сега, Робинсон влезе во еден поинаков спортски свет – боксерскиот. Го очекува пресметка со Џејк Пол, познат јутјубер, кој има двеќе два бокс меча кои лесно ги доби, па сега против НБА-ѕвездата ќе му биде најтешкиот предизвик. Пол е десет сантиметри повисок од Нејт, а според планот, овој меч треба да биде еден од најавите на пресметката на Тајсон со Рој Џонс.

„Никогаш во кариерата вака напорно не сум тренирал и брутално е. Секој ден трчам по десет километри. Сега на 36 години тренирам како луд, па се чувствувам помладо и поенергично. Сега ќе видите поинаков Нејт. Човек кој многу вложи во себе, а овој предизвик не го сфатив прелесно. Сакам да ме почитуваат и како човек, и како спортист, и како боксер. Многу дадов за да стигнам до тука/ Ќе ги изненадам сите што мислат дека ќе загубам“, вели бившата олстар ѕвезда.