НБА-ѕвезда донираше 12 милиони долари на неговото поранешно училиште!

Кошаркарот на Јута џез, Донован Мичел донираше неверојатни 12 милиони долари на училиштето во кое учеше претходно.

„Гринвич каунтри деј“ е училиштето во кое учел Мичел како дете, а сега се чувствувал должен да помогне на заедницата во која пораснал и поради тоа им донирал 12 милиони долари.

Мичел неодамна потпиша нов договор со Јута вреден 195 милиони долари, па не е никакво чудо што реши да им помогне.