НБА дозволи најмногу 1.600 луѓе да присуствуваат на завршницата на сезоната

НБА-лигата реши дека на натпреварите во Орландо каде што ќе се одржи завршницата од сезоната ќе може да присуствуваат по најмногу 1.600 луѓе.

Натпреварувањето во најсилната лига беше прекинато на средината на март поради пандемијата на Ковид-19, а сезоната ќе продолжи во јули. Претходните денови беше прифатен план според кој 22 тима ќе играат на завршницата.

Најпрво ќе им биде дозволен пристап само на кошаркарите, членовите на стручниот штаб и останатиот персонал. Потоа ќе може да присуствуваат членовите на нивните семејства, а ќе бидат дозволени најмногу по три по кошаркар.

Сите кошаркари и нивни семејства нема да може да се движат слободно, туку ќе мора да бидат на ограничен простор, кој дополнително ќе им биде одреден.