Навивачите збеснаа: Харден покажа дека е одличен актер! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон рокетс во неделата ја совладаа Јута џез со 104-101, а Џејмс Харден постигна 22 поени, иако имаше навистина очаен шут на стартот на натпреварот, кога ги промаши првите 15 шутеви и постави негативен рекорд во НБА.

Поголем дел од своите поени Харден ги постигна од линијата за слободни фрлања, но освен за очајниот меч на ѕвездата на Хјустон, навивачите му замерија и за неговата глума кога се обиде да  покаже дека противнички кошаркар го удрил со лакт.

Откако помина кошаркарот на Јута покрај Харден, тој се фати за грло, а навивачите по мечот го покажаа своето незадоволство поради таквиот потег.