Навивач фрли чоколатце кон синот на Леброн Џејмс за време на натпревар (ВИДЕО)

Несовесен навивач предизвика прекин на натпревар од средношколската лига во САД, откако со чоколатце фрли кон Брони Џејмс, синот на ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Натпреварот помеѓу Сиера Кањон, за кој што игра Брони Џејмс и Пол Шести католичко училиште беше прекинат неколку минути. Обезбедувањето веднаш реагираше и го исфрли навивачот од натпреварот.

Кошаркарот веднаш се огласи на социјалните мрежи по инцидентот.

„Хејтањето не познава години. Џејмс бандата е градена за тоа и добро опремена. Продолжуваме“, напиша Џејмс на „Твитер“.