Најлудите седум секунди во историјата на кошарката (ВИДЕО)

Во НЦАА-лигата или Универзитетската лига во САД секогаш се игра интересна кошарка. На натпреварот помеѓу Мизури стејт и Илиноис стејт се случи вистинска драма во последните секунди од натпреварот. 

Илиноис водеше со 65-63 на седум секунди до крајот и ја имаше топката. Лошото изведување од под кошот им даде шанса на кошаркарите на Мизури, но за топката се бореа речиси сите кошаркари на паркетот. Таа случајно дојде до играч на Мизури, кој во последната секунда шутираше буквално од половина терен и погоди тројка за победа од 66-65.