Најлудиот момент во НБА: Се обиде да изведе слободно фрлање - па судиите му ја одземаа топката (ВИДЕО)

Kошаркарот на Атланта, Деандре Бамбри, се избрука при едно слободно фрлање на натпреварот против Сан Антонио.

Тој застана на линијата, ја подигна топката се со цел да изведе слободно фрлање, но не испрати удар кон кошот и автоматски го прекрши правилото.

Целиот збунет гледаше околу себе, а на крајот судиите очекувано им ја доделија топката на кошаркарите на Сан Антонио.