„Најк“ престана да продава производи со името на Коби Брајант

„Најк“ најголемата компанија за производство и продажба на спортска опрема престана да ги продава своите производи под името на Коби Брајант. 

Трагично загинатиот Брајант беше заштитно лице на компанијата, а патиките со негов потпис беа меѓу најпродаваните. Компанијата сака да спречи препродавање на производите под брендот „Брајант“ за повисока цена, сега откако легендарниот кошаркар го загуби животот.

Некои несовесни навивачи дури се обидоа да профитираат со препродажба на билети, за следниот натпревар на Лос Анџелес лејкерс на домашен паркет во „Стејплс центарот“. Синоќа беше одложен дуелот помеѓу Лејкерс и Клиперс поради смртта на поранешниот кошаркар.