Најдолгата пауза во кариерата: Леброн во „аут“ уште два меча!

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс се повреди во дуелот против Голден Стејт вориорс и ќе мора да паузира уште неколку дуели.

„Кралот“ од тогаш пропушти дури 11 натпревари, во кои Лос Анџелес лејкерс запиша седум порази, а дополнителен проблем за неговиот тим ќе биде отсуството на Леброн и во наредните два меча.

Леброн ја прави најдолгата пауза во кариерата. Додека играше во сезоната 2014/15 за Мајами пропушти вкупно 13 натпревари, но не беа по ред.

Од друга страна, „кралот“ во Лејкерс ќе пропушти најмалку 13 натпревари по ред, а тоа никогаш не му се случило по кариерата.

Колку му недостига на Лејкерс покажува и неговата статистика, која вели дека Леброн во просек постигнува по 27,3 поени по меч.