Најдобрите кошаркари во светот влегоа во „војна“ со - претседателот на САД!

Одбивањето на поканата за посета на Белата куќа од страна на најдобриот кошаркар на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, отвори вистинска војна со зборови на Твитер со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Плејмејкерот на „воините“ не прифати да биде дел од традиционалниот прием на НБА-шампионот кај американскиот претседател, а што реагираше Трамп кој напиша дека поради колебање тој ја повлекува поканата за Кари.

На тоа реагира ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс, кој со навредлив збор „уличар“ му се обрати на Трамп потенцирајќи дека не може да се повлече покана за некого кој веќе се изјаснил дека не сака да ти дојде на гости.

Во размената на зборови на „висок тон“ се вмеша и некогашниот кошаркар на ЛА лејкерс, Коби Брајант, кој јавно изрази незадоволство од политиката на Трамп и начинот на кој тој сака да ја наметне својата волја, не само врз Кари туку и врз Американците кои не го сакаат.