На Коби му остана последен твитот за Леброн: Почит, брате мој! (ФОТО)

Ненадејната и трагична смрт на Коби Брајант предизвика реакција кај секого кому кошарката нешто му значела. Се појавија твитови и фотографии со посвета за него од многу кошаркарски ѕвезди, но последниот твит на Коби остана оној за Леброн Џејмс.

Судбината си поигра на невкусен начин, па го заврши животот на Коби Брајнт, само неколку часа откако Леброн Џејмс го симна од третото место меѓу вечните. Коби покажа големина и му честита на големиот ривал, но и добар колега објавувајќи твит.

„Продолжуваш да ја движиш играта нанапред. Многу почит брате мој“, напиша Брајант.

Ова ќе остане неговиот последен твит. Симболично, му ја предаде палката на неговиот наследник не само во дресот на Лејкерс, туку најголема суперѕвезда во светот на кошарката. 

Леброн го престигна Коби и го потистна од третата позиција на листата на сите времиња на поентери во НБА-лигата. Тој има 33.655, а Коби остана на 33.643.