Милвоки стигна и до осмата победа по ред: Адетокумпо повторно доминираше (ВИДЕО)

Милвоки останува најдобар тим во НБА-лигата, а синоќа го совлада Шарлот со 116-103 во рамки на натпревар што се одигра во Париз, Франција.

За Бакс ова беше осми триумф во низа или 13-ти на последните 14 натпревар. Јанис Адетокумпо очекувано беше најдобар во редовите на победничкиот тим со 30 поени и 14 скока и го предводеше својот тим до најдобар старт во својата историја по 46 натпревари (40 победи и шест порази). Претходнот рекорд на Бакс беше 39-7 во сезоната 1970/71, кога го освоија шампионатот. Малик Монк со 31 поен најмногу се истакна во редовите на Хорнетс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит - Мемфис 112-125
Орландо - Бостон 98-109
Њујорк - Торонто 112-118
Чикаго - Сакраменто 81-98
Мајами - ЛА Клиперс 117-122
Минесота - Хјустон 124-131
Њу Орлеанс - Денвер 106-113
Оклахома - Атланта 140-111
Сан Антонио - Феникс 99-103
Голден Стејт - Индијана 118-129