Милвоки поведе со 2-0 против Торонто: Адетокумпо незадржлив за Репторс (ВИДЕО)

Милвоки го искористи домашниот паркет за да поведе со 2-0 против Торонто по победата од 125-103 во финалето на Источната конференција во НБА-лигата. 

Јанис Адетокумпо очекувано повторно беше лидер на Бакс со 30 поени и 17 скока, а изненадувачки добар беше и Ерсан Илијасова од клупата со 17 поени. Дури шест кошаркари на домашниот тим имаа двоцифрен ефект во нападот.

Каваи Ленард беше најдобар во редовите на Торонто со 31 поен. Гостинскиот тим ниту еднаш не водеше во текот на натпреварот и последните 39 минути од натпреварот постојано беше во двоцифрена негатива. 

Следните два натпревари се играат во Торонто.