Милвоки постигна 151 поен: Натпревар на кариерата на Мидлтон (ВИДЕО)

Милвоки и натаму е убедливо најдобриот тим во лигата со скор од 41 победа и само шест порази. Утринава Бакс ја забележаа и деветтата победа по ред откако го совладаа Вашингтон со 151-131. 

Во натпревар со многу поени блескаше Крис Мидлтон за Бакс, кој постигна за него рекордни 51 поен во кариерата. На овој ефект придодаде и 10 скока и пет асистенции. Речиси подеднакво добар беше и кошаркарот на Визардс, Бредли Бил, кој пак броеше до 47. Бакс иако беа без својот најдобар кошаркар Јанис Адетокумпо (повреда на рамото) голема помош за Мидлтон беше Ерик Бледсо, кој пак постигна 34 поени.

Девин Букер и Деандре Ејтон го предводеа Феникс до убедлива победа од 133-104 на гостувањето кај Далас. Букер постигна 32 поени, додека Ејтон имаше еден помалку, а на спротивната страна Лука Дончиќ заврши со 21 поен.

Никола Јокиќ имаше дабл-дабл со 25 поени и 13 скока, но неговиот Денвер загуби на гостувањето кај Мемфис со 104-96. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот - Њујорк 97-92
Филаделфија - Голден Стејт 115-104
Кливленд - Њу Орлеанс 111-125
Торонто - Атланта 130-114
Мајами - Бостон 101-109