Мидиеј со одлична финта му го „скрши“ вратот на противникот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Јута беа поразени од Минесота со 102-112, но за утеха им остана најубавиот потег на вечерта, кој го направи нивниот кошаркар Емануел Мидиеј.

Мидиеј во еден контра-напад направи финта за додавање зад грб, па му го „скрши“ вратот на противникот од Минесота, кој погледна на спротивната страна, по што следуваа лесни поени.