Мичел со барање до НБА: Повлечето го дресот на Брајант - засекогаш (ФОТО)

Кошаркарот на Јута, Донован Мичел преку „Твитер“ побара од НБА-лигата засекогаш да го повлече од употреба дресот со број 24 во чест на трагично загинатиот Коби Брајант. 

Младата кошаркарска ѕвезда смета дека никој повеќе не треба да го носи овој број во НБА-лигата. Далас маверикс уште синоќа по објавувањето на трагичната вест објави дека го повлекува од употреба бројот 24.