Марјановиќ снима филм со познат актер за „Нетфликс“ (ФОТО)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ веќе некое време е успешен и како актер. Кошаркарот на Далас маверикс имаше улога во последниот филм од серијалот „Џон Вик“ со Киану Ривс, а сега ќе глуми покрај Адам Сендлер.

Новиот филм ќе обработува тема за кошарка, па најверојатно Марјановиќ нема да има тешка улога пред камерите. Сендлер треба да глуми како скаут на Филаделфија, а ќе се снимаат сцени при кои ќе бара кошаркари во Србија.

Марјановиќ ќе ја игра улогата на главен кошаркар, а сега се бараат и девојка и тинејџер кои ќе ги глумат сопругата и синот.