Мајтап на векот: Пациентот на Шeкил О'Нил го истрола Дурент на – невиден начин (ВИДЕО)

Џавал Мекги, кој е трикратен шампион во НБА-лигата (Голден стејт, ЛА Лејкерс, Кливленд) и кој во јавноста е најпознат како омилена жртва на Шекил О'Нил во неговата сеирџиска емисија во која ги лови грешките на кошаркарите, во селекцијата на САД влезе во последен момент и преку ноќ стана задолжен за добрата атмосфера.

Играчот на Денвер нагетс е меѓу најрасположените на Игрите во Токио, а тоа најдобро на своја кожа го почувствува Кевин Дурент, кој беше мета на ретко виден мајтап. Мекги ги убеди сите во американската делегација во Јапонија дека на ѕвездата на Бруклин ѝ е роденден токму тој ден, па сите во еден глас му пееја „Среќен роденен“ и му честитаа. Дурант беше максимално збунет, што можеше најдобро да се види по гримасите на неговото лице.

Инаку, можеби најдобриот во американската репрезентација е роден на 28 септември 1988 година.