Мајсторскиот кош на Јокиќ во последни секунди ја урна Минесота (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс славеа против Минесота тимбервулвс со 100-98 по продолженија и тоа со кош за победа на Никола Јокиќ во последните секунди.

Баш како и во дуелот против Филаделфија, Јокиќ ја презема одговорноста на себе и погоди тежок шут, а на крајот средбата ја заврши со 20 поени, шест скокови и седум асистенции.

„Беше нешто слично испланирано, но не токму така како што се случи. Сакав да тргнам кон кошот, но во последен момент решив да шутнам. Изгледам како да можам да погодам само потешки удари“, вели Јокиќ.