Мајкл Џордан скршен од болка: Загубив помал брат, Коби многу ќе ми недостасува (ФОТО)

Меѓу илјадниците светски спортисти кои вечерва се збогуваат од трагично загинатиот во хеликоптерска несреќа Коби Брајант, е и најголемиот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, кој скршен од болка изрази сочувство до неговата сопруга и до навивачите и управата на ЛА лејкерс.

„Летечкиот Мајкл“ ја потенцира близината која ја имал со својот наследник во НБА, како и фактот што двајцата постојано се слушале и разговарале не само за кошарката туку и за сѐ останато во нивните животи.

„Во шок сум од веста дека Коби и Џиана Брајант загинаа во трагична несреќа. Мојата болка не може да биде опишана со зборови. Го сакав Коби, ми беше како помал брат. Често разговаравме и дека тие наши конверзации многу ќе ми недостасуваат. Беше бестрашен натпреварувач, еден од најголемите во кошаркарскиот спорт. Истовремено, беше неверојатен татко, кој многу си го сакаше семејството и кој беше горд што неговата ќерка Џиана беше вљубена во кошарката“, напиша Џордан во изјавата за медиумите.