Мајами го реши Бостон и сега е на чекор до големо финале во НБА-лигата

Кошаркарите на Мајами хит го победија Бостон со 112-109 и сега водат со 3-1 во финалната серија на Источната конференција на НБА-лигата.

Мајами беше тој кој речиси во целиот меч имаше предност, а Бостон постојано беше блиску, но никако не направи серија со која ќе може да му избега на ривалот.

Бостон направи пресврт дури во последната четвртина, но Мајами набрзо се врати во водство и со сигурна игра до крајот на мечот стигна до само еден триумф до пласман во големото финале во НБА-лигата.

Фантастичен во редовите на Мајами беше Тајлер Хиро со 37 поени, а имаше голема помош од Батлер со 24 поени и Драгиќ со 22 поени.

Кај Бостон најдобар беше Џејсон Татум со 28 поени, додека Кемба Вокер имаше 20 поени.