Магична партија на „кралот“ - Леброн сам ја победи Индијана! (ВИДЕО)

Понекогаш делува дека е лут, понекогаш како да нема со кого да игра, понекогаш остава впечаток и дека нема потреба никој друг освен него да излегува на паркет, едноставно како да може сѐ сам. Леброн Џејмс блесна во вистинското издание и ја победи Индијана за 1-1.

Натпреварот го заврши со 46 поени, 12 скока и пет асистенција, со реализирани неверојатни 17 обиди од 24 удари. Промаши само седум обиди од игра, што секако е занемарливо на ваков број обиди. Процентот од 70 отсто успешни обиди најдобро сведочи за партијата на „кралот“.

Нерешено е и во серијата помеѓу Оклахома и Јута, бидејќи џезерите направија брејк во Солт Лејк Сити (102-95) и покажаа дека спектакуларната кошарка која ја играа во вториот дел од сезоната може да им донесе пласман во полуфинале. Донован Мичел ги предводеше гостите со 28 поени, а Рики Рубио постигна 22.

Резултати:

Кливленд - Индијана 100-97 (1-1)
Оклахома - Јута 95-102 (1-1)
Хјустон - Минесота 102-82 (2-0)