Лудница на драфт лотаријата: Њу Орлеанс го бира „ѕверот од Дјук“?(ФОТО) (ВИДЕО)

Њу Орлеанс го доби правото на избор на првиот пик на НБА драфтот во 2019 година на лотаријата која беше одржана синоќа во Чикаго. Така Пеликанс се најблиску до ангажманот на супер талентираниот Зион Вилијамс кој настапува за Дјук Универзитетот. Тој е проектиран како број еден пик.

Интересно, годинешниов драфт е во центарот на вниманието токму поради „ѕверот од Дјук“, па сите тензии потсетуваат на 2003 година кога како прв пик беше избран моментално најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс. Њу Орлеанс беше најзадоволен од ваквиот изход, што може да се види по реакцијата во клубот.

Кога станува збор за останатите позиции, Мемфис е извлечен како втор, а дури на третото место е еден од најслабите тимови во лигата, Њу Јорк Никс. Тимот од „Медисон Сквер Гарден“ се надевеше на подобра позиција.