Лу Вилијамс испиша историја во НБА лигата

Лос Анџелес Клиперс одиграа извонреден натпревар му дадоа 140 кош на Бостон Селтикс, а примија само 115. Освен по извонредниот натпревар на домаќините, мечот ќе биде и запаметен и по историјата која ја испиша фантастичнот Лу Вилијамс кој од клупата успеа да постигне 34 поени. 

Лу Вилијамс посебно ќе го памети овој натпревар, бидејки со постигнатите 34 поени, стана најдобриот стрелец во историјата на лигата кој влегува од клупата за резерви. Претходно лидер на листата на најдобри „резервисти“ беше татко му на Стеф Кари, Дел Кари. 

Негативен рекорд испиша и Бостон откако е предводен од Бред Стивен, Селтикси никогаш немаат примено 140 поени.