Лу ќе му биде помошник на Риверс во Клиперс

Поранешниот тренер на Кливленд кавалирс, Тајрон Лу конечно постигна договор за заминување од Лос Анџелес Клиперс.

Американските медиуми објавија дека Лу ќе му помага на Док Риверс во новиот тим на Клиперс, кој е еден од главните фаворити за шампионската титула.

Лу во текот на летово беше поврзуван со преселба во Лос Анџелес Лејкерс, но неговиот ангажман не беше договорен.