Лоши вести за Голден Стејт, Торонто на чекор до историја

Кошаркарите на Торонто репторс го запишаа и третиот триумф во финалната серија, откако направија два брејка и сега на домашен паркет во Канада имаат шанса да ја освојат првата шампионска титула во историјата.

Голден Стејт се наоѓа во сериозни проблеми, откако Кевин Дурант не можеше да им помогне на претходните натпревари, иако требаше да се врати во текот на финалната серија, но не настапи на досегашните четири меча.

Американските медиуми пишуваат дека Дурант нема да биде подготвен ниту за петтиот меч против Торонто, па така Голден Стејт ќе има тешка задача да направи брејк во Канада.

„Дурант едноставно не е подготвен. Неговото тело не е во ред. Тренерите не можат да веруваат, а не може ниту тој. Се обиде да направи некои вежби на тренинг, но не му успеа ништо. Сите се нервозни поради тоа“, пишуваат американските медиуми.