Лилард со 51 поен ја наполни Филаделфија, Њу Орлеанс остана без плејоф! (ВИДЕО)

Портланд трејл блејзерс синоќа во одличен меч победија против Филаделфија со 124-121, а уште еден неверојатен меч одигра Дамиен Лилард, кој постигна дури 51 поен.

Екипата на Лилард од самиот почеток играше добро, па ја доби првата четвртина со 33-19, меѓутоа Филаделфија не се предаваше лесно и успеа да ги искомплицира работите на паркетот.

Во третата четвртина Портланд ја врати предноста, па во одлична завршница тие успеаа да слават со 124-121, а Лилард освен 51 поен, постигна и седум асистенции и три скокови.

Сан Антонио спарс го совлада Њу Орлеанс со 122-11-3 во директен дуел за пласман на место во плејофот, откако одигра фантастична последна четвртина на натпреварот.

Демар ДеРозан беше најдобар кај Сан Антонио со 27 поени, додека кај Њу Орлеанс се покажа Редик со 31 поен.

Сакраменто беше поразен од Хјустон со 112-129, а најдобри во победата беа Риверс со 41 поен и Харден со „само“ 32 поени.

Богдан Богдановиќ кај Сакраменто имаше просечен натпревар со 13 поени, осум асистенции и пет скокови, па не успеа да му помогне на својот тим да го „сопне“ Хјустон.