Лилард против Лејкерс носеше патики со посебна посвета (ФОТО)

Портланд трејл Блејзерс синоќа успеаа да го победат Лос Анџелес Лејкерс со 128-119, а во центар на внимание беше Дамиен Лилард.

Лилард е емотивен човек, кој се обидува да помогне колку што може на теренот, но и надвор од него, а никогаш не ги заборава луѓето кои направиле многу работи за него.

Лилард постигна 28 поени, а го привлече вниманието со патиките кои ги носеше во натпреварот, а беа посветени на неодамна починатиот сопственик на тимот, Пол Ален.