Ленард му донесе финале на Торонто и се запиша во историјата (ФОТО)

Феноменалниот Кави Ленард повторно го предводеше Торонто репторс до победа од 100-94 против Милвоки бакс, а овојпат таа беше доволна за пласман во големото финале во НБА-лигата.

Ленард постигна 27 поени, а притоа додаде 17 скокови и седум асистенции. Не шутираше најдобро од игра, па имаше 9 од 22, но тоа му беше доволно да се запише во историјата.

Само Мајкл Џордан е подобар од Ленард, кој во 1991 година против Филаделфија во петтиот меч од плејофот постигнал 38 поени, 19 скокови и седум асистенции.