Лемб од пола терен го урна Торонто, Хјустон обезбеди плејоф (ВИДЕО)

Минатата ноќ Шарлот хорнетс го совлада Торонто репторс со 116-115, додека триумфи запишаа и Хјустон и Сан Антонио против Њу Орлеанс, односно Бостон.

Торонто малку подобро го отвори мечот со Шарлот и водеше до половината на втората четвртина, кога Хорнетс се вратија во мечот до полувремето. Потоа следуваше пресврт и водство на Шарлот, но во финишот Торонто имаше предност од 114-112.

Кавај Ленард тогаш одигра одлична одбрана на Кемба Вокер, а пет секунди до крајот промаши шут, кој отвори шанса за Шарлот.

Шарлот за пет секунди до крајот успеа да дојде до кошот и на спектакуларен начин од половина терен да погоди Џереми Ламб.

Лемб постигна 13 поени, а Двејн Бејкон постигна 20 поени на мечот.

Хјустон славеше во Њу Орлеанс со 113-90, а Рокетс до победата го предводеше Џејмс Харден со 28 поени, додека кај нивните противници најефикасен беше Френк Џексон со 19 поени.

Сан Антонио славеше против Бостон со 115-96, додека победи запишаа и Голден Стејт против Детроит со 121-114, како и Лос Анџелес Лејкерс против Сакраменто 111-106.