Лејкерси носат помош за Леброн и Дејвис

Лос Анџелелес Лејкерс во следната сезона ќе бидат главни кандидати за освојување на НБА лигата. Трејдот во кој го добија Ентони Дејвис комплетно ја промени сликата на најаката лига во светот за наредната сезона, а по трејдот сега на Леброн и Дејвис ќе им биде потребна помош.

Сигурно е дека Лејкерси ќе потпишат уште една голема ѕвезда, за тоа имаат малку простор, но ќе мораат и да го пополнат и остатокот од ростерот. Еден од кошаркарите за кој се заинтересирани „езерџиите“ е одличниот крилен кошаркар Боби Портис.

Овој 24- годишен кошаркар позади себе има добра сезона која ја помина во Вашингтон Визарс. Неколку тимови покажаа интерес за него, но по се изгледа токму Лејкерси се најблиску до него.