Лејкерс за прв пат сезонава загубија на гостински терен и тоа во Филаделфија (ВИДЕО)

Филаделфија го совлада тимот на Лос Анџелес лејкерс со 107-106 и му го нанесе првиот гостински пораз на шампионот сезонава. 

Тобајас Херис беше херој на Сиксерс, кој ги постигна победничките поени на 2,4 секунди до крајот. Гостите немаа тајм-аут па мораа да тргнат од под кошот, па Ентони Дејвис немаше време да шутне кон противничкиот кош и беше запрен на центарот од игралиштето. Леброн Џејмс постигна 34 поени кај Лејкерс, додека кај Филаделфија Бен Симонс запиша трипл-дабл со 17 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Бруклин со 132-128 славеше на гостувањето кај Атланта по едно продолжение. Кевин Дурент постигна 32 поени, додека Џејмс Харден имаше еден помалку, додека Кајри Ирвинг реализираше 26 поени. Тре Јанг имаше 28 поени и 14 асистенции за Хоукс.

Јута го совлада Далас со 116-104 и ја запиша 10-тата победа по ред иако играе без својот најдобар играч Донован Мичел. Руди Гобер одигра одлично со 29 поени дури 20 скока, а најефикасен беше Џордан Кларскон со 31 поен. Лука Дончиќ имаше 30 поени за Мавс. 

Никола Јокиќ со 21 поен и 11 скока го предводеше Денвер до триумф од 109-82 против Мајами. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Торонто - Милвоки 108-115
Сан Антонио - Бостон 110-106
Вашингтон - Њу Орлеанс 124-106
Феникс - Оклахома 97-102
Голден Стејт - Минесота 123-111
Орландо - Сакраменто 107-121
Кливленд - Детроит 122-107
Шарлот - Индијана 106-116