Лејкерс водат со 3-1, но сега Денвер е најопасен (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс славеше со 114-108 против Денвер за да поведе со 3-1 во меѓусебната серија во Западното финале во НБА-лигата. 

Нагетс се во позната територија во разигрувањето за титулата, бидејќи и во претходните две рунди против Јута и против Лос Анџелес клиперс имаа негатива од 3-1 и беа пред елиминација, но на чудесен начин се враќаа и правеа пресврт.

Ентони Дејвис ги предводеле Лејкерс со 34 поени, додека Леброн Џејмс придодаде 26 поени, девет скока и осум асистенции. Џамал Мареј со 32 поени и осум асистенции беше најдобар кај Денвер, а Никола Јокиќ постигна 16 поени и седум скока.