Лејкерс влегуваат во форма, Голден Стејт може да победува и без Кари (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари во НБА-лигата, а утринава го совладаа Сакраменто на гостински паркет со 101-86.

Леброн Џејмс ги предводеше гостите од Лос Анџелес со 25 поени и седум скокови, Брендон Инграм постигна 12 поени, а по 11 реализираа Харт, Калдвел-Поуп и Кузма. Кај Кингс најефикасен беше Фокс со 21 поен.

Голден Стејт со 1116-100 беше подобар од Бруклин и покрај тоа што на паркетот не се појави Стеф Кари, кој е повреден. Но, затоа тука беше Кевин Дурент со дабл-дабл учинок од 26 поени и 11 асистенции да го води шампионот до нов триумф. Квин Кук постигна 27 поени, додека Клеј Томсон реализираше 24 поени.

Лука Дончиќ продолжува да игра сјајно на стартот на неговата НБА-кариера, а утринава постигна 22 поени во победата на Далас од 111-96 против Оклахома. Маверикс со ова ја прекинаа низата од седум порази по ред од Тандер. Во отсуство на Расел Вестбрук, најдобри кај Оклахома беа Пол Џорџ и Стивен Адамс со по 20 поени и 13 скока.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њу Орлеанс - Феникс 119-99
Чикаго - Кливленд 99-98
Мемфис - Филаделфија 112-106 (пп)
Мајами - Вашингтон 110-116
Сан Антонио - Хјустон 96-89
Торонто - Њујорк 128-112
ЛА Клиперс - Милвоки 128-126 (пп)