Лејкерс славеа сред Хјустон: Навивачите му скандираа на Џејмс - МВП! (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс пред неколку дена доживеа неочекуван пораз на домашен паркет од Орландо и ја прекина серијата од девет победи по ред, но утринава се вратија на вистинскиот колосек со триумф од 124-115 на гостувањето кај Хјустон. 

Гостите во првиот дел не водеа ниту еднаш, но затоа имаа одлична трета четвртина во која дојдоа до водство, кое не го испуштија до крајот. Лејкерс и петти натпревар по ред играат без Ентони Дејвис, но затоа тука беше Леброн Џејмс да го води тимот со 31 поен и 12 асистенции. Интересно е тоа што во „Тојота центарот“ имаше огромен број навивачи на Лејкерс, кои на Џејмс му скандираа - МВП! МВП!.

„Кралот“ утринава имаше и голема помош од останатите кошаркари како Кајл Кузма, кој постигна 23 поени, а Дени Грин и Кентавиус Калдвел-Поуп реализираа по 20. Расел Вестбрук со 35 поени беше најдобар кај Хјустон, додека Џејмс Харден постигна еден помалку.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 130-133
Бруклин - Милвоки 97-117
Бостон - Феникс 119-123
Атланта - Детроит 103-136
Њујорк - Филаделфија 87-90
Чикаго - Кливленд 118-116
Минесота - Торонто 112-122
Голден Стејт - Орландо 109-95
Оклахома - Портланд 119-106
Јута - Сакраменто 123-101